Порталот Вижуал Капиталист објави видео материјал кој ни помогнува да сфатиме колку брзо и колку далеку стигнала кинеската економија во последните 30 години.
Имено, станува збор за симулација на движењето на БДП на 10 најбогати земји на светот од 1960 до 2017 година.
Кина во оваа видео графика се движи од петтото место, со БДП од 50 милијарди долари односно една десеттина од БДП на Америка, која од почетокот доминира на позицијата на најмоќна глобална економија.
“Animation: The World’s 10 Largest Economies by GDP” by @VisualCap.
Astonishing! pic.twitter.com/ZNlqmSgKCh— ?David Vendrell? #TLoT (@Jacuzzi_Yakuza) December 23, 2018
Во почетокот на 2000 години, после отворањето на светскиот пазар, започнува брз подем на кинеската економија, па така Кинезите во 2010 година ја престигнуваат Јапонија на второ место и се движи кон првото место.
Тука потоа е подемот и падот на Јапонија која во 1969 година се смести на второто место на листата, каде на кратко во раните седумдесетти беше престигната од Германија, каде остана до 2010 година.
This visualization of China's unbridled growth deserves a 2nd posting. https://t.co/MtwFZrQ3eQ
— philvogel (@philvogel) December 24, 2018
Во 90 изгледаше дека Јапонија би можела да го собори САД од врвот на листата, но после 2000 година започна падот на Јапонија, па кон крајот на 2017 година таа го зазеде третото место.