Вработен со нож ѝ се заканувал на колешка во Агенцијата за медиуми

142

Вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги вчера на работното место со нож ѝ се заканувал на колешка, потврдија од МВР за „Макфакс“.

„Вчера, во 14:48 часот Ш.Т. пријавила дека во канцеларија на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на улицата Македонија нејзиниот колега Н.З. почнал вербално да ѝ се заканува, а потоа ѝ се заканувал и со нож.

Полициски службеници излегле на местото на настанот. По целосно документирање на случајот, против Н.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

loading...