Во голема полициска акција во којашто е запленета дрога во вредност од над 800.000 евра, а за која објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, приведен бил командирот од прилепската полициска станица, Кире Спиркоски.
Ова се неофицијални информации кои засега Министерството за внатрешни работи не ги потврдува.
Од таму само велат дека акцијата уште трае. Спасовски на Фејсбук напиша дека акцијата се води заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.