Најголемиот дел од јагодите на пазарите се увезуваат од Грција, Турција, Шпанија, па дури и Америка, а иако некои продавачи на пазарот тврдат дека нема многу разлика помеѓу увезените и домашните, сите попрво би ги избрале оние од овоштарник.
Вистинските, квалитетни домашни јагоди се издвојуваат и по интензивниот, препознатлив мирис. Тие никогаш не се во иста форма и големина и не се со ист вкус од сите страни, бидејќи сончевите здраци не продираат рамномерно на овошјето.

Експертите велат дека треба да обрнете внимание и на стебленцата – кај увезените јагоди тие се големи, совршено обликувани и темно зелени, додека кај домашните се побледи бидејќи неодамна биле набрани.
Во принцип – јагодите со совршена форма, цврсти и видливо сјајни, воглавно не се со домашно потекло.

Инаку, топла препорака е во овие пролетни денови јагодите да се консумираат секојдневно, бидејќи антиоксидантите со кои изобилува ова овошје, го штити нашиот организам од разни заболувања.
„Јагодите имаат антиинфламаторно дејство и го регулираат нивото на шеќер во крвта. Сепак, возрасно лице не треба да јаде повеќе од 150 грама од ова овошје, за организмот да може лесно да ја свари фруктозата и да ја претвори во чист шеќер. Во текот на денот може да изедете и повеќе такви порции, важно е да ги јадете минимум четири часа после или половина час пред оброк. Јагодите одлично се комбинираат со млечни оброци, но и во салати. Во комбинација со зелена салата, сирење и балсамико, претставуваат одличен оброк кој содржи совршен внес на витамини, влакна и минерали“, нагласува српскиот нутриционист, Бранко Мирковиќ.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



