Војник заспал за време на вежба: После ова, тоа никогаш нема да му се повтори

207

Снимката која што канадските војници ја направија за време на една воена вежба за кратко време стана популарна на интернет.

Имено, еден војник задремал за време на воените вежби во кои меѓу другото се вежбале и артилериски напади, па останатите војници одлучиле да се пошегуваат на негова сметка.

Додека еден го снима заспаниот војник, другите испукуваат еден проектил, по што сите добро се изнасмеаа. После ова, јасно е дека канадскиот војник повеќе нема ниту да помисли на „дремка“ за време на воените вежби.

loading...