Ријана и Чајлдиш Гамбино ја разбудија фантазијата кај публиката со тизерот за нивниот заеднички филм “Guava Island”

0
68

Убавицата од Барбадос, Ријана наскоро ќе имаме можност да ја гледаме во тропскиот филм за локална музичарка на кој заедно работела со Доналд Гловер, познатиот музичар под името Чајлдиш Гамбино.

Не се зборуваше многу за овој филм под името “Guava Island”, но краткиот тизер ја разбуди фантазијата кај публиката. “Guava Island” ја претставува приказната за млада музичарка која ќе основа музички фестивал.

Како што изјави Гловер, драго му е што заедно со Ријана ќе имаат можност да претстават нешто што има универзална тема.

“Помеѓу Ријана и луѓето на Куба, ова е еден од моите омилени проекти на кои сум работел некогаш”, рекол Гловер.

Тој во филмот ја толкува улогата на Дени Марун, а Ријана ја глуми неговата девојка Кофи Нови. Покрај нив двајца во филмот улоги остварија Летиша Рајт и Нонсо Анози.

“Guava Island” го режираше Хиро Мураи, а за сценариото се погрижи Стивен Гловер.

Филмот ќе биде официјално прикажан на фестивалот Коачела, а после тоа ќе биде достапен и на Амазон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here