Војин, најстариот син на Аркан, јавно го исмеа семејството и полубратот Вељко за свадбата (ФОТО)

329

Војин Ражнатовиќ, син на Жељко Ражнатовиќ – Аркан и полубрат на Вељко Ражнатовиќ, не присуствуваше на свадбата на деценијата.

Војин, кој напиша книга за неговиот татко, не е во најдобри односи со своите полубраќа и сестри, па не присуствуваше на венчавката на Вељко Ражнатовиќ минатата недела, на 24 ноември.

На својот Инстаграм профил, каде е многу активен, Војин објави фотографија на која се смее и покрај неа опис:

„Кога ме прашуваат дали сум бил на свадбата на деценијата“ – напишал Војин, јавно исмејувајќи го семејството и полубратот Вељко за свадбата.

Инаку, од останатите деца на Аркан меѓу гостите се најде единствено полусестрата на Вељко и Анастасија, Анѓела Ражнатовиќ.

После Тител, семејството пристигна на Врачар, каде се случи црковната венчавка во храмот Света Сава, а по судбоносното „да“ пред Бога, младите и сватовите се упатија во луксуизен белградски хотел каде имаше гала прослава со околу 500 гости.

Во морето подароци, се издвои оној од ќерката на Аркан и полусестра на Вељко, која на својот брат и снаата им подари слика од бел ангел, пишува Телеграф.рс.

Жељко ја доби Анѓела со актерката Лилјана Нијатовиќ. Таа заврши богословски факултет и објави збирка песни.