Матка ќе се заштитува со закон

1089

Законот за Матка е во процес на изработка во соработка со Општина Сарај, со УНДП и со Министерството за животна средина, одговори градоначалникот на Скопје Петре Шилегов прашан до каде е процесот за законот, кој присуствуваше на почетокот на реконструкцијате на булеварот „Крсте Мисирков“.
– Јас инсистирам да спроведеме законско решение кое што нема да зависи од субјективната волја ниту на градоначалник на Град Скопје, ниту на градоначалник на Општина Сарај, туку да формираме една институција која ќе се грижи за одржување на Матка. Само уште го бараме соодветното решение, мислам дека ќе успееме да ги надминеме тие проблеми и дека потоа ќе можеме тој законски текст да го понудиме во Собранието на РСМ за донесување, рече Шилегов.

Прашан во какви односи е со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, Шилегов рече дека не чувствува оти има нарушено лични односи со него.

– Јас не чувствувам дека имам нарушено лични односи со градоначалникот на Општина Сарај, и не гледам зошто дури и доколку градоначалникот на Сарај смета дека тие односи се нарушени, не би продолжила институционалната соработка во интерес на граѓаните во Општината што ја предводи. Јас Блерим сѐ уште го чувствувам како близок човек, другар, работник со кој мора да соработуваме доколку сакаме да престане урбаното дивеење на Матка , рече Шилегов.