Лепа Брена: За моите успеси другите можат само да сонуваат!

932

Лепа Брена деновиве го промовираше видеото за својот нов сингл насловен “А како јас”, чии автори се Енџи Мавриќ и Пеѓа Меденица, а го екранизираше режисерот Харис Дубица. Интересно е тоа што снимањето се одвивало на локации на три континенти – Европа, Азија и Америка, а темата се наоѓа на последниот албум на Брена кој го објави по повод три и пол децении постоење на музичката сцена.

Непосредно по промоцијата на видеото, пејачката во едно интервју за српските медиуми се потсетила и на своите музички почетоци и истакнала дека е горда на се што успеала да направи и постигне во животот.

“Иако поприлично сум скромна по природа, свесна сум за своите успеси и знам дека сум единствената жена на овие простори која успеала да направи кариера од вакви размери. Она што јас успеав да го постигнам, не успеа никој друг да го повтори. Горда сум на се што имам направено, но и на она што сум денес. Тврдам дека не постои жена од шоу бизнисот која има вложено во работата повеќе од мене. Многу е лесно да се купуваат чанти и облека, но јас вложував и работев во она што може да ја обезбеди мојата идната. Реалноста и фактот дека знам која сум и што сум ме одржаа сите овие години. Имам позадина која лично сама сум ја стекнала и исто така мултиплицирала со сопругот. Мислам дека ја изведував музиката на начин кој им се допаѓаше на луѓето. Не пеам на шпански или англиски, па тоа да биде неразбирливо за Балканците. Не сакав да бидам популарна пејачка во Америка затоа што сум свесна дека на два стола не можеш да седиш, многу е комплицирано да имаш семејство и во исто време да биде успешен во работата. За да опстоиш на терен каков што е Балканот ти треба многу мудрост, памет и талент”, рекла пејачката и додала дека не верува оти наскоро ќе добие наследничка која ќе го повтори нејзиниот успех.

Инаку, Брена во август ќе има концерт во Струмица во рамки на манифестацијата “Струмица Опен”.