Синоќа тешка сообраќајка кај Соборна, се судриле повеќе автомобили

110

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечеравечер, нешто по 21 часот во центарот на Скопје кај Соборен храм.

Како што пренесоа медиумите се случил судар на повеќе возила на раскрсницата помеѓу булеварите „Паризански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, а едно од возилата удрило и во споменикот на свети Климент Охридски.

На терен веднаш реагирале Итната медицинска помош и МВР.

Според неофицијални информации повредено е 20-годишно момче. Медицинска помош му е укажана на самото место, а според сведоците, по несреќата момчето лежело неподвижно.

Се очекуваат детали од МВР во текот на денот.