Модната продавница Блум-Јант, која се наоѓа во Германија, почнала да продава тоалетна хартија и други неопходни артикли за и покрај мерките кои германската влада ги донела со цел сузбивање на пандемијата, за може да продолжи со работа.
Сопственикот на бутикот Марсел Јанг, зборувал за промените во модната куќа “Блум-Јан” откако продавницата била повторно отворена како “продавница за тоалетна хартија”.
“Како продавач, секогаш се обидувате да ги оптимизирате своите производи на економски начин, па направивме анализа на пазарот и го откривме главниот производ кој се користи во текот на епидемијата во Германија – тоалетна хартија”, објаснил Јант и додал:
“Како продавница за облека, мора да затвориме и единствен начин да продолжиме со работа беше реорганизација на асортиманот”.

Пакети тоалетна хартија, средства за дезинфекција, кафе, тестенини и чоколади биле наредени на полиците на продавницата.
Неприоритетните продавници ги затвориле вратите за купувачите откако во покраината Баден-Виртемберг, три дена по ред, бројот на новозаразени од Ковид-19 бил повеќе од 100 на 100.000 жители.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















