Голем број на Албанци вчера излегле на улиците на Тирана поради убиството на 25-годишното момче Клодијан Раше, кој го прекршил полицискиот час воведен поради сузбивање на коронавирусот.
Раше го прекршил полицискиот час и не сопрел на барање на полицијата.
Демонстрантите, кои ја прекршиле забраната за собирање на повеќе од 10 луѓе, набрзо се судриле со полицијата. Фрлале камења кон полицајците и кон зградата на Владата, Министерството за внатрешни работи и Собранието.
Се обиделе да упаднат и во комплексот на Владата во кој се наоѓа кабинетот на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растерала со солзавец.
Претставник на полицијата во Тирана изјавил дека најмалку девет полицајци биле повредени и дека демонстрантите оштетиле неколку полициски возила.

Демонстрантите тврдат дека протестот не е политички, но меѓу насобраните можеле да се видат и приврзаници на опозицијата. Демонстрантите запалиле и турнале накитена елка.
Демонстрантите извикувале “Рама, оди си” и “Јас сум Клодијан”.

Инаку, во Албанија поради пандемијата се воведени ограничувања на јавни собири, задолжително носење на маски и ноќен полициски час.
Премиерот Рама во меѓувреме отпатувал во САД за да преговара за набавка на вакцина, но исто така бил фотографиран и како пазари, што опозицијата како одвај да дочекала.












![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)







![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-218x150.png)




![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)
















![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-100x70.png)


