Во овие земји наскоро ќе бидат признаени македонските возачки дозволи

723

Во рамките на Виенската конвенција за патен сообраќај одржана во 1968 година во главниот град на Австрија, се поставени “правилата” за меѓународно и меѓусебно (билатерално) признавање на возачките дозволи.

Досега, Македонија има потпишано билатерални договри за целосно признавање на возачките дозволи со осум земји, и парцијално со десет земји.

Во моментов течат преговорите за признавање со Данска и Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска). Се работи на признавање и со арапските земји Катар и Обединети Арапски Емирати, а исто така се вода преговори и со канадската провинција Онтарио.

Инаку, реципрочно признавање и замена на возачките дозволи, македонското МВР има потпишано со Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија.