Потпишување договор за 100 милиони евра од ЕИБ

371
epa05101450 (FILE) A file photo dated 15 December 2008 showing an exterior view of the European Bank of Investment in Luxembourg. The European Investment Bank has put on hold lending to the German carmaker Volkswagen, amid concerns that a previous loan may have played a role in its emissions scandal, the president of the European Union's lending arm Werner Hoyer says 14 January 2016. 'For many, many years we have been active in high-tech research and development with Volkswagen,' Werner Hoyer said in Brussels. 'We were astonished, disappointed and we are now concerned about the allegations, including indications by senior company executives of improper and possibly fraudulent behaviour by Volkswagen.' EPA/NICOLAS BOUVY

Договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ.

Фирмите од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ.

Пласманот на 100-те милиони евра од страна на МБПР ќе се врши преку домашните комерцијални банки.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА, истакна дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност во стопанството и зголемен извоз.

Предвидено е и откако претпријатијата ги вратат заемите од оваа кредитна линија, истите повторно да се пласираат како кредити во стопанството. Ова ќе придонесе за повеќекратна полза на малите и средни претпријатија од овие 100 милиони евра.