Илон Маск нуди 100 милиони долари за оној кој ќе открие една работа

545
Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск оваа недела им понуди награда од 100 милиони долари на пронаоѓачите, доколку смислат начини за борба против климатските промени со отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата и океаните.

„Во моментов имаме само една планета“, рече Маск, сопственик на производителот на автомобилите „Тесла“.

“Дури и ако имаме 0,1 процентна шанса за катастрофа, зошто да ризикуваме? Лудо е!”

Маск ја објави наградата од 100 милиони долари уште во јануари, а во четвртокот, Денот на планетата Земја, објави инструкции за натпреварот. Организаторите го нарекуваат натпреварот „најголема стимулативна награда во историјата“ и ќе трае четири години, до Денот на планетата Земја 2025 година.

„Зафаќањето“ и складирањето на јаглерод со текот на времето привлекува се поголемо внимание кај истражувачите, бидејќи глечерите се топат како резултат на климатските промени, тропските бури се интензивираат, а бројот на топлотни удари се зголемува.

Светските сили работат на намалување на емисиите на јаглерод, но научниците истакнуваат дека патот до нулта емисија до 2050 година, исто така, ќе игра многу важна улога во технологиите за отстранување на јаглерод.

“Ќе бидат земени предвид и трошоците и можноста за надградба. Дали ќе се отстрани доволно јаглерод и дали можеме да си го дозволиме тоа како цивилизација? Ова се работи што се важни”, рече Маск во видео пораката во која стои бос, опкружен со вода и дрвја.

Проектите за отстранување на јаглерод веќе добија поддршка од стартапите на Силиконската долина, јавните службеници загрижени за бавното намалување на емисиите, но и компаниите со високи емисии заинтересирани за нивно намалување.

Оваа технологија сè уште не е комерцијално исплатлива. Отстранувањето јаглерод може да чини повеќе од 300 долари по тон јаглерод, во свет кој произведува 50 милијарди тони јаглерод диоксид годишно. Научниците проценуваат дека 10 милијарди тони јаглерод ќе треба да се отстранат до 2050 година, пишува Ројтерс.

„Мислам дека е една од оние работи за кои е потребно време да се најде вистинското решение“, рече Маск.

„И особено за да дознаам кое е најдоброто економско решение за отстранување на СО2“.

Конкурсот за отстранување на јаглероден диоксид на Маск има за цел да најде решение за отстранување на илјадници тони од атмосферата секоја година, со потенцијал за надградба.

Оние кои аплицираат мора да имаат план за отстранување на јаглерод за најмалку сто години. Организаторите најавија дека ќе ги разгледаат апликациите до средината на мај.