Во Љубљана евакуирани над 100 луѓе поради пожар во хотел

169

Во хотелот „Унион“ во центарот на Љубљана денеска изби пожар поради што се евакуирани стотина луѓе, соопшти словенечката полиција.

Огнот се уште не е локализиран, а во неговото гаснење учествувааѕ 75 пожарникари со 14 противпожарни возила, а полицијата истакнува дека никој не е повреден.

Пожарот изби во поткровјето на хотелот со четири ѕвездички. Но, се уште не е позната причината за избивање на огнот.