Остров за кој допрва ќе се зборува: Што нуди “најновата” држава на светот?

151

Бугенвил се наоѓа во јужниот Пацифик и е најголем соломонски остров. Природата на овој остров е речиси недопрена. Нејзината убавина, кога луѓето ќе дознаат за неа, ќе им се закани на голем број на патници кои сакаат да посетуваат егзотични места без премногу луѓе во потенцијално најновата држава на светот.

Островот е со површина нешто поголема од 9.300 километри квадратни, на него живеат околу 230.000 луѓе. Иако англиски и ток писин се официјални јазици, најраспространет е халија. На островот доминираат вулкански куполи, но и густи шуми, кои воглавно одат до самите рабови на прекрасните плажи над кои ладовина прават палмите.

Бидејќи Соломонските острови се збир од поголеми и помали острови, посетителите на Бугенвил изнајмуваат бродови со кои ги посетуваат плажите на соседните острови. Освен посетата на прекрасните плажи, проѕирно чистата вода на Пацификот им овозможува на љубителите на водените спортови да уживаат во кајак, сурфање и нуркање.

Освен пространите плажи, островот го краси и прекрасна природа, па доколку од водните спортови повеќе сакате прошетка по дивата природа, постојат повеќедневни планински тури на Царскиот планински ланец.

Планината Балби е висока 2.685 метри. Балби е всушност активен вулкан кој исфрла чад и има сулфурни отвори. Багана е уште поактивен вулкан кој може да се види од врвот на Балби. Третиот вулкан е Били Мичел, кој е најзаспан вулкан со прекрасно кратерско езеро долго два километри.

Бидејќи островот не е туристичка атракција, најдобро е никаде да не се оди без локален водич кој ги познава пределите, но и луѓето. Најголем извор на допринос на Бугенвил е бакарот, но и какаото. А доколку како турист го посетите островот, најдобро е како сувенири да купувате плетени торби, по кои е познато населението.

Во храната доминира риба, која секогаш е “свежо уловена”, па не е реткост да видите како рибарите директно од морето ја носат во кујната. Доколку сакате да пробате нешто традиционално, пробајте “тама тама”, јадење кое се прави од скробно брашно од тапиоки, банани или маниоки.

Островот се уште припаѓа на Папуа Нова Гвинеја, но на референдумот за независност гласале дури 98 проценти од жителите, кои чекаат одобрение од државата да станат независни, што Бугенвил ќе го направи најмладата држава на светот.