ВНИМАВАЈТЕ: Овие апликации тајно повлекуваат пари од сметка

72

Злонамерниот софтвер Joker во позадина тивко кликнува на реклама во склоп на апликација и тајно наместо вас извршува пријава на онлајн услуга која се плаќа, а вие останувате без пари на сметка.

Joker, малициозен софтвер именуван по негативецот од серијалот за суперхерои во Бетмен, досега е пронајден на 24 апликации за оперативниот систем Android кои сите од неодамна беа достапни за преземање во Google Play Store.

Пред да успеат да ги отстранат во Google, овие апликации се преземени и инсталирани повеќе од 472.000 пати. Додека не се утврди дека сè уште има заразени апликации, тешко е да се утврди со сигурност процентот, уште колку уреди се потенцијално компромитирани.

Но, едно е сигурно. Ако сте преземале и инсталирате некоја од овие апликации, веднаш избришете ги: Advocate Wallpaper, Age Face, Altar Message, Antivirus Security – Security Scan, Beach Camera, Board picture editing, Certain Wallpaper, Climate SMS, Collate Face Scanner, Cute Camera, Dazzle Wallpaper, Declare Message, Display Camera, Great VPN, Humour Camera, Ignite Clean, Leaf Face Scanner, Mini Camera, Print Plant scan, Rapid Face Scanner, Reward Clean, Ruddy SMS, Soby Camera и Spark Wallpaper.

Joker е откритие на експерт за компјутерска безбедност Алексеј Купринс. Целта му е да земе пари на жртвите со претплата на разни услуги кои се плаќаат, симулирајќи ја постапката која ќе ја изврши корисникот при пријавувањето.

Во позадина тивко кликнува на реклама во склоп на апликации и тајно се најавува кога ќе се поврзе на веб страницата каде што се наоѓа услугата.

Потоа пристапува до СМС пораките на жртвите и го копира испратениот овластен код за да го заврши процесот на апликација. Се, се разбира, без ваше знаење и одобрување.

Купринс објави дека потенцијалните жртви се наоѓаат во 37 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Австралија, но и државите на Европската унија и Азија. Некои од заразените апликации немаа регионални ограничувања. Ако сте ги преземале и инсталирале спорните апликации, за секој случај проверете ја историјата на трансакцијата во банка.

loading...