Цел свет ја жалеше бидејќи сопругот јавно ја изигра, а сега го покажа своето сексапилно тело и го разгоре Инстаграм

992

Тешко дека јавноста наскоро ќе го заборави љубовниот триаголник на релација Бредли Купер – Ирина Шајк – Лејди Гага, но актерите на оваа драма (веројатно вешто изрежирана) продолжија со своите животи и се чини дека сѐ е вратено во нормален колосек.

Убавата руска манекенка решила повторно да му ја покаже на светот својата сексапилна фигура, која долго беше во сенка поради љубовните перипетија, а нејзините разголени фотографии собраа огромен број на лајкови и комплименти на Инстаграм.

Имено, Ирина позирала во минијатурно бикини, истакнувајќи ја својата витка линија, долгите нозе и цврстото деколте, а на нејзиното тело навистина никој не може да остане рамнодушен.

Овие фотографии ги лајкнаа повеќе од 300 илјади луѓе, а не изостанаа ниту одличните коментари.

“Изгледаш како божица”, “Без сомнеж најзгодната жена на планетата”, “Бредли Купер е вистински среќник”, “Најубав ангел”, се само дел од коментарите кои се појавиле под фотографиите.

Инаку, нејзините следбеници не заборавиле да го искоментираат и нејзиниот природен изглед, со оглед на тоа што манекенката блескала иако немала ни еден грам шминка на неа.

Доколку се прашувате како Шајк ја одржува својата фигура, таа тврди дека не ја избегнува вкусната храна, но и дека многу им должи на добрите гени. Сепак, таа и редовно тренира.

“Треба да вежбате со задоволство бидејќи вашата среќа секогаш ве прави убави. Лично, обожувам да одам во теретана”, изјавила Ирина во една прилика.

View this post on Instagram

@tropicofc @angelcandices ??

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on