(ВИДЕО) Ќе се казнуваат угостителите, не гостите, во случај на непочитување на протоколите

855

Последна прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашковска, заедно со Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова – директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висар Риза, директорка на Агенцијата за лекови и медицински средства, Аљазин Хавзиу, директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини, директор на Државен инспекторат за транспорт и Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска најави тимови на инспектори кои ќе вршат координиран надзор во угостителските објекти, но и ќе ги информираат угостителите за содржината и начин на спроведување на протоколот. Инспекторите на ДПИ, Инспекторатот за труд и АХВ ќе бидат засилени со инспектори на УЈП.

На почеток, првите десетина дена, посетите на инспекторите ќе бидат информативни и едукативни, но доколку се забележи дека не се почитуваат протоколите, ќе следуваат и казни.

„Контролата ќе биде насочена на оние коишто вршат угостителска дејност. Дали на една маса ќе има две или четири лица, тоа е на одговорност на оној кој треба да ги спроведува протоколите, а тоа се оние кои организираат и обавуваат угостителски дејности. Инспекторите се тие кои после укажувањата да постапуваат и да преземаат соодветни мерки. Келнерот односно сопственикот на локалот се оние кои ќе треба да ги спроведуваат протоколите. Инспекторите нема да ви побараат лична карта бидејќи тие не бараат лични карти на физички лица. Угостителите како правни лица ќе бидат предмет на контролите од страна на инспекторите“, рече на новинарско прашање за тоа кој ќе врши проверка на лични карти при сместување на гостите“, рече директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини.

На новинарско прашање за тоа врз кого ќе падне глобата за непочитување на протоколите, врз тие што се услужени или тие кои ја даваат услугата, тој одговори:

„Протоколите се однесуваат на оние кои организираат и обавуваат угостителски дејности. Сите кои нема да ги почитуваат одлуките и протоколите ќе бидат казнувани согласно чл. 205 и 206 од Уредбата што се донесе на почетокот на прогласувањето на пандемијата. Лицата нема да се казнуваат, ќе се казнуваат оние кои организираат угостителска дејност. Затоа нека си обратат повеќе внимание како ќе се организираат, колку луѓе ќе пуштаат, бидејќи ДПИ не може да казнува физички лица и да ги легитимира.“