Влегле во погон за време на ноќта: Најголемата фабрика повторно произведува Нутела

117

Работниците во најголемата фабрика на „Нутела“, во Франција, го прекинале штрајкот, ги отстраниле бариерите кои ги поставиле во фабриката и се враќаат на работа откако производството било во прекин повеќе од една недела, поради спорот на синдикатот и управата за платите.

Компанијата „ Ferero“, сопственик на популарниот намаз од лешник и чоколадо – Нутела, изјавила дека влезот во фабриката е отворен за време на ноќта и дека во погон е продолжена „нормална активност“.

Активистите на синдикатот “Работнички сили“, во фабриката Вијерс-Еколу, во Нормандија, со поставување бариери ги спречувале камионите да влегуваат и излегуваат од фабриката повеќе од една недела.

Портпаролката на компанијата, Присила Бургињон, изјавила дека управата направила „позитивен напредок“, додавајќи дека ќе има уште преговори.

Според наводите на синдикатот, од 160 до 350 работници, кои учествувале во штрајкот, бараат зголемување на платата за 4,5 отсто, еднократни бонуси од 900 евра и подобри услови за работа. Не е познато дали нивните барања се одобрени.

Фабриката дневно произведува 600.000 тегли намаз од лешник и чоклоладо, што претставува една четвртина од вкупното светско производство.

loading...