Русија и Кина ѝ покажаа заби на Америка: Путин и Си ги повикаа САД да го вратат нуклеарното оружје на своја територија

1720

Русија и Кина ги повикуваат другите држави да го вратат своето нуклеарно оружје на своите територии, се наведува во заедничкото соопштение на рускиот и кинескиот лидер, Владимир Путин и Си Џинпинг.

“Страните го сметаат за недопустлив неодговорниот пристап на некои држави кон реализација на своите обврски од Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Таквите држави треба да ја прекинат праксата на “заеднички нуклеарни мисии” и да го вратат целиот свој нуклеарен арсенал кој се наоѓа надвор од границите на нуклеарните држави, на својата националната територија”, се наведува во заедничкото соопштение на лидерите.

Тие го повикаа Иран да продолжи да ги почитува своите обврски од нуклеарниот договор.

“Страните со задоволство констатирале дека во извештајот од Меѓународната агенција за атомска енергија се потврдува дека иранската страна стриктно ги реализира своите обврски од нуклеарниот договор и изјавуваат дека ги отфрлаат едностраните санкции на САД против Иран”, се додава во документот.

Освен тоа, Русија и Кина се заложиле за враќање во живот на Договорот за ракетите со краток и среден домет. Во соопштението се наведува дека Москва и Пекинг се залагаат политиката да не се меша во истрагите за случаите за наводна употреба на хемиско оружје.

Русија и Кина го сметаат за недопустлив и политичкиот диктат и валутните уцени во меѓународната трговија, се наведува во соопштението.

Државите се спротивставуваат на секоја појава на протекционизмот, вклучувајќи ги и едностраните трговски ограничувања. Тие ќе се залагаат за транспарентен трговски систем кој се заснова на главната улога на Светската трговска организација и нејзините правила.

За потсетување, кинескиот претседател Си Џинпинг на заедничката конференција за медиумите со рускиот лидер изјавил дека Владимир Путин е негов најблизок пријател. Кинескиот лидер се наоѓа во официјална посета на Русија до 7-ми јуни. Во програмата на посетата е предвидено Џинпинг како почесен гостин да учествува на Петербуршкиот меѓународен економски форум.