(ВИДЕО) Во Дубаи научниците успеале со дронови да предизвикаат дожд

1106

Научниците во Обединетите Арапски Емирати работат на нови методи за манипулирање со времето за да се зголеми количината на дожд во таа пустинска земја.

Според „The Independent“, методот што се користи во Дубаи се потпира на технологијата на беспилотни летала. Беспилотните летала ослободуваат електричен набој во облаците, принудувајќи ги да се спојат и да создадат дожд. Наводно, технологијата е најпосакувана од другите методи затоа што за производство на дожд наместо хемикалии се користи електрична енергија.