Австралискиот актер Крис Хемсворт (36) ужива во бракот со неговата 8 години постарата сопруга, шпанската манекенка и актерка Елса Патаки (45).
Згодниот актер на својата сакана ѝ го честитал 45-от роденден на Инстаграм, со неколку фотографии.
„Среќен роденден, убавице“, напишал Крис и додал емотикон со срце, а најмногу внимание привлекла фотографијата на која ја прегрнува Елса.
Крис и Елса се запознале во 2010-та година, а судбоносното ‘да’ го изговориле после само неколку месеци врска.
Во 2014-та година парот од Америка се преселил во Австралија, каде ја изградиле луксузната вила, чија вредност се проценува на 30 милиони долари.
Во својот бајковит раскошен дом ги одгледуваат трите деца – ќерката Индија Роус (8) и близнаците Саша и Тристан (7).
Со американскиот актер Адриен Броди ја започнала романсата во 2006-та година, а тој една година подоцна ѝ купил стан во Њујорк за роденден.
Некое време живееле во тој стан, но во 2009-та година љубовта пукнала. Наводно го оставила бидејќи не била подготвена за брак.
Една година подоцна, се венчала за Крис Хемсворт.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











