Кина употреби нов вид оружје во конфликтот со индиски војници: Бегаа без да испукаат куршум!

290

Пред неколку месеци кинеската армија користеше електромагнетно оружје за да ја принуди индиската армија да се повлече за време на конфликтот на границата меѓу двете држави на Хималаите, тврди професорот по меѓународни студии Јин Канронг

Според него, споменатото оружје може да го свари човечко месо затоа што создава исти услови како микробранова печка, што значи дека загрева сè во одредена област.

Меѓутоа, во овој случај, на војниците само им се слошило, па морале да се повлечат.

Јин ги пофали кинеските сили за „прекрасно“ извршената воена акција што ги избрка индиските војници без да биде испукан ниту еден куршум. Ова се смета за прва позната употреба на електромагнетно оружје на бојното поле, пренесува Дејли Мејл.

Во исто време, Тајмс прецизира како се користело електромагнетно оружје на крајот на август.

За потсетување, две нуклеарни суперсили се судрија во областа на Хималаите. Најмалку 20 индиски војници загинаа во конфликтот, додека бројот на кинески жртви не е познат.

Се смета дека тоа беше најжесток конфликт меѓу Индија и Кина во последните 53 години.

Професорот Јин им рече на своите студенти дека непријателските војници почнале да повраќаат 15 минути по употребата на оружјето.

Тие мораа да се повлечат. Така, Кина ја вратија контролата врз територијата, објасни тој.

Веста за наводна употреба на електромагнетно оружје доаѓа во време кога двете земји преку дипломатија се обидуваат да ги смират тензиите на границата.

Во меѓувреме, двете земји испратија илјадници војници на границата и се обидуваат да постигнат договор за спорната област.