Приведен е 27-годишен маж со иницијали А.М. од селото Булачани кој во домот имал лабораторија за производство на марихуана.
Како што информираат од МВР, полициски службеници вчера извршиле легитимирање и личен преглед на лицето и кај него била пронајдена една кеса во која имало две полиетиленски кеси со марихуана и една дигитална вага.
По обезбедена судска наредба, велат од МВР, извршен е претрес во домот во селото Булачани каде што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана.
„Во лабораторијата се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана – (сканк) , како и техничка опрема составена од греачи, грејни сијалици, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност –масло произведено од марихуаната“, велат од МВР.
А.М. е лишен од слобода во полициска станица за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен Јавен обвинител.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















