(Видео) Боки 13 со лисици на рацете донесен во судот на распит

273

Првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на БМЈ медиа груп, Бојан Јовановски познат како Боки 13 со лисици на рацете во придружба на полицијата беше донесен на распит во Кривичниот суд откако попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица.

Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание како и за перење пари.

Шефицата на Одделот за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, на прес- конференција најави дека за двајцата осомничени обцинителството ќе бара притвор.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.