Екипата на Ривер Плате по четврти пат во историјата ја освои титулата во Копа Либертадорес, јужноамериканска Лига на шампиони.
Во најдраматичното и најконтроверзно финале во историјата, Ривер го победи градскиот ривал Бока Јуниос со вкупни 5-3, а резултатот на денешниот реванш беше 3-1.
Бока имаше предност по првото полувреме со 2-0 со голот на Бенедето, но во продолжение дојде до целосен пресврт. Прво Прато израмни и го одведе натпреварот во продолжение, а во дополнителните 30 минути Ривер постигна уште два гола.
Одлучувачки беше евроголот на Квинтеро во 109. минута со кој беше скршен отпорот на Бока, а во последните моменти, кога сите фудбалери на оваа екипа тргнаа во напад, Мартинес го постави конечниот резултат.
Во продолжението на Бока и се случија неколку малери, Прво Бариос во 92. минута доби црвен картон, а нешто подоцна Гаго се повреди во ситуација кога неговиот тим немаше право на замена.
Со ова е завршена сагата која траеше повеќе од еден месец. Првиот меч на кој домаќин беше Бока заврши без победник (2-2), а овој реванш, кој се одигра во Мадрид, беше неколку пати одложуван бидејќи навивачите на Ривер ги нападнаа противничките фудбалери пред својот стадион.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















