„Фајзер“ со одлични вести: Вакцината има ефикасност од 95%, нема несакани ефекти, наскоро пристигнуваат 50 милиони дози

216

Производителот на лекови „Фајзер“ соопшти дека нивната вакцина против коронавирус има ефикасност од дури 95% и нема сериозни несакани ефекти врз основа на резултатите од тестирањата во последната фаза.

Податоците покажале дека вакцината спречила развој на благи и тешки облици на коронавирус. Вакцината покажала дека е ефикасна кај постарите луѓе кои се најранливата група.

„Фајзер“ соопштија дека планираат да се пријават во американската Администрација за храна и лекови за итно одобрување „во рок од неколку дена“, со што порасна надежта дека ефикасната вакцина која ќе стави крај на пандемијата станува реалност.

Резултатите од испитувањето – помалку од една година откако научниците започнаа да работат на вакцината, ги срушија сите рекорди кога станува збор за брзина на развој на вакцината, процес кој трае со години.

Претходно, врз основа на првичните резултати од „Фајзер“ соопштија дека нивната вакцина има ефикасност од 90%.

Доколку американската Администрација за храна и лекови ја одобри вакцината со две дози, од „Фајзер“ тврдат дека на располагање ќе имаат 50 милиони дози до крајот на годината, а 1,3 милијарди до крајот на идната година.