При експлозија на гума, бугарски авион морал да слета принудно, а веќе излегоа и првите снимки.
Тешко оштетениот авион „Боинг 737“ на бугарскиот превозник „Електра аир“ во кој се наоѓаа 152 патници безбедно се спушти на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
На аеродромот кој бил во состојба на најголема подготвеност се наоѓале преку стотина коли на брза помош, како и пожарникари, полиција и сите останати служби.
Авионот „боинг 737-400“ тргнал од Келн за Тел Авив.
Набрзо по полетувањето му експлодирала задната лева гума на авионот, а со оглед на тоа дека немало никакви други проблеми пилотите решиле да го продолжат патот до Израел.
При влезот во израелскиот воздушен простор ги дочекале два воени авиони Ф 16. Авионот го испуштил горивото за да биде што полесен при слетување, но и да има помала можност да се запали.
Во 16.25 часот по локално време пилотот успеал да го намали притисокот на гумите така што кочел со моторот при принудното слетување и безбедно го спуштил авионот, за среќа нема повредени челанои на екипажот, ниту пак патници.
A passenger plane from Germany made an emergency landing at #TelAviv's Ben Gurion Airport.
More here: https://t.co/69Bke45G5g pic.twitter.com/IgwFnHN3xe
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) July 1, 2019