Младиот српски талент Ален Смаилагиќ доби шанса да заигра во екипата на Голден Стејт која учествува на Летната лига во Калифорнија.
18-годишникот помина 13 минути на паркетот и не пропушти шанса да биде забележан. Неговото забивање беше најатрактивниот потег во поразот против Лос Анџелес Лејкерс.
Србинот без никаква почит за противникот тргна кон кошот и на атрактивен начин ги реализираше своите први поени.
Се работи за кошаркар кој ја започна кариерата во КК Беко од Белград, а минатата сезона настапи за Санта Круз Вориорс, развојната екипа на „воините“.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















