Дали Заев се јавувал лично да се пропуштаат автомобили на граница во полициски час?

1138

Службените белешки до кои дојде редакцијата на КУРИР откриваат голем скандал во кој е вмешан лично премиерот Зоран Заев.

Станува збор за случај во кој се случува кршење на закон, рушење на процедура, злоупотреба на службена должност и недозволено влијание.

Имено, КУРИР дојде до службена белешка во која се наведува дека на 14.03.2021 во 01:00 часот, на ГП „Деве Баир“ се пуштени за влез во Македонија пет патнички возила.

Според информациите до кои дојде курир, службениците имаат пријавено дека биле исконтактирани лично од премиерот Зоран Заев дека на тие возила, со патниците меѓу кои имало и деца, треба да им се дозволи влез во нашата држава.

Во редакцијата на КУРИР се познати идентитетите на сите засегнати страни, но на документите кои јавно ги објавуваме личните податоци ќе бидат заматени.

Среде полициски час, ноќта меѓу 13-ти и 14-ти март, Зоран Заев се јавува на граничниот премин „Деве Баир“ и лично дава насока да бидат пропуштени 5 возила, со образложение дека “во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“.

Според официјалната белешка, која потоа скандалозно трпи корекции кои ќе ги образложиме, во Македонија се пуштени два возила од марката „Бе-ем-ве“, едно „Ауди“, едно „Волво“ и еден „Мерцедес“.

Во текот на вчерашниот ден, во двата дела од полицискиот билтен овој настан не е објавен. Се отвора основен простор за сомнеж дека настанот надлежните сакаат да го сокријат, а нашите сомнежи се потврдуваат во моментов кога КУРИР доаѓа до службена белешка за ИСТИОТ настан, но со направени корекции. Името на премиерот “исчезнува“ од пријавата.

Менувањето на службена белешка е КРИВИЧНО ДЕЛО! Вработени, очигледно по нов притисок од премиерот кој им дал насоки за работа спорната ноќ, се принудени да направат корекции кои по никој основ не смееле да ги направат. Но, веќе еднаш се изјасниле дека лично од Заев добиваат наредби за работа иако тој не е нивни претпоставен, па сега повторно го доживеале истото.

Кривичното дело се прави за време на принудените измени, а во него се вклучени и тој што побарал да се направи ваква коренција, но и тој кој директно ја направил.

Вработените се навистина должни да ги слушаат своите претпоставени и старешини и да ги исполнуваат насоките дадени од нив. Но, НЕ и во случај кога директно прават кривично дело.

Сепак, скандалозната корекција е направена дури откако КУРИР дојде до овие белешки, а пријавениот билтен официјално испратен уште стои во службените канали на комуникација.

 

Измените во службените белешки се само “јагода на шлагот“ од големиот скандал. Првично, некој мора да одговара за самиот настан – реализација на проток на патници и возила во полициски час. Настанот е евидентиран во документација, а со сигурност е снимен и од безбедносните камери на граничниот премин.

КУРИР побара одговори од надлежните во слуајот – МВР и Царина.

Од Царина ни образложија:

„Надлежност за евиденција за движење на луѓе и возила преку граничната линија има само полицијата, а не Царината. Што значи дека барем во царина, нема таков случај како што е наведен во Вашиот маил.

На 14.03 имало само едно возило кое се обидело да помине за време на полицискиот час и било вратено од страна на полицијата“.

Одговори од МВР немаме добиено до овој момент. Ако се огласат по овој скандал, КУРИР веднаш ќе ја информира јавноста.

Остануваат отворени многу прашања, за кои мора да следува не само одговори, туку и одговорност.

Кој постапил по наредбите на Заев? Кој лично ја дал наредбата и во какви услови?Кој пробува да го сокрие овој случај?Во која улога Заев се јавува на гранични премини да дава насоки како монарх на неговата Северна?

И најважното прашање – Зошто додека граѓаните поднесуваат големи казни на свој грб, по различни основи и додека се борат за своето здравје во услови на низа мерки и рестрикции, некои други со помош на Заев слободно се движат, па дури и преминуваат граници?

Извор: kurir.mk