(ВИДЕО) Се тепале со стапови и дрвени скали на пат во Облешево

696

Продавачи на зеленчук од селото Баница вчера со стапови и дрвени скали се тепале на пат во Облешево поради паркинг.

Од полицијата соопштија дека вчера околу 12:15 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на автобуското стојалиште во село Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање возила, е нарушен јавниот ред и мир.

Имало физичка пресметка помеѓу две групи од селото Баница, Струмичко.

На сите инволвирани во тепачката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.