Маж открил како изгледало растењето покрај татко со Даунов синдром: “Горд сум на него”

670

Родителите со Даунов синдром им пружаат љубов на своите деца подеднакво исто како и сите други родители, а тоа е лекција која сите можеме да ја научиме од приказната на Садер Иса од Сирија.

Садер кој студира стоматологија во Сирија, ја споделил приказната за тоа како растел покрај неговиот татко Јад кој има Даунов синдром. Според неговите зборови, неговиот татко секојдневно го опсипувал со љубов и го правел најдоброто што можел за неговото детство да биде исто како и детството на секое друго дете.

Нагласил дека никогаш не се срамел од својот татко и дека е многу горд на него бидејќи го израснал во добар и чесен човек. Никој не вели дека е лесно да се живее со Даунов синдром, но Садер и неговиот татко Јад успеале да создадат прекрасен однос на кој многу семејства би можеле да позавидат, пишува “Bored Panda”.

“Горд сум на својот татко. Низ животот тој ми беше најголема поддршка во моментите кога таа поддршка и ми требаше”, вели синот за својот татко.

“Би сакал сите да ги прифаќаме различностите и да не се срамиме од нив. Луѓето со Даунов синдром се различни, но и тие имаат чувства, стремежи и се способни да живеат нормален живот кога постои општествено прифаќање и општество кое ги поддржува. Да им дадеме шанса да видиме какви одлични способности поседуваат тие”, изјавил Иса.

Моментално се снима филм за неговиот однос со својот татко.