Навивачката група „Комити“ денеска со жалење ја примија веста за смртта на еден од нивните основачи, Горан Костадиновски – Гокси.
51 годишниот Костадиновски по долго боледување починал, а навивачката група веднаш тоа го сподели со јавноста со емотивен текст за загубатана својот член:
Со неверување ја примаме и соопштуваме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена.
Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити.
Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, стихови, песни, кореографии, пароли, текстови…најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк…
Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како инстутуција на Западната трибина од која учевме и многу научивме.
Ќе паметиме дека своевремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар.
Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети.
Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави !
Горан Костадиновски – Гого (23.08.1969 – 28.10.2020)
Од Гокси се простија и од „Работнички“.
Со голема жалост и тага ја примивме жалната вест за смртта на нашиот верен навивач Горан Костадиновски Гокси. Работнички загуби голем човек кој низ годините поминати во Градски парк ги помести стандардите во навивањето и покажа како се сака и бодри и Работнички. За сите победи заеднички!









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











