ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ КОЛЕГА – шокиран сум што силен и здрав млад човек почина од ковид

212

Генерал Стојанче Ангелов се прости од поранешниот припадник на Тигрите, Игор Ангеловски, кој почина од ковид.

Тој немал ниту еден коморбидитет.

„Од Ковид 19 почина Игор Ангеловски – Гиле (41) поранешен припадник на т.н. единица “Биди Тигар”, формирана во втората половина на 2001 година во склоп на ЕСЗ Тигар.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот на последната техничка влада. Претходно работеше во Единицата за специјални задачи на МВР „Тигар“, беше инструктор во Центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор во крим. техника во СВР Велес. Исто така беше и инспектор за обeзбедување на ВИП личности и објекти.

Шокиран сум од сознанието дека овој силен, здрав и прав млад човек почина од компликации предизвикани од Ковид 19. Игор не можеме да го вратиме но во оваа прилика чувствувам потреба да повикам да се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 без разлика дали и колку верувате во нив.

Искрено сочувство до семејството. Бог да го прости!“, напиша генералот Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.