Моментално во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје во тек е спасувачка акција на пожарникари и полицајци кои се обидваат да спречат маж да скокне од зграда.
Спасувачките екипи се обидуваат да го разубедат човекот, а околу зградата е поставен и душек.
На терен е присутна и Брзата помош.
Од МВР за „Фокус“ ја потврдиле информацијата:
„На 08.06.2021 г. во 08:10 часoт пријавено е дека на ул.Филип 2 , кај Мавровка, Н.Н. машко лице качено е на покривот од зградата и се заканува дека ќе се фрли од истата. На терен се полициски службеници и се преземаат мерки“, се вели во одговорот на МВР за „Фокус“.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































