Потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за да се утврди неговата моментална состојба. А, доколку се констатира дека е потребна негова санација, тогаш треба уште минимум половина година за да се изработи проект за санација, и после тоа да се изведе санацијата. Значи, треба доста време – вели професорот Марковски.
Мостот „Беласица“ дури година и половина би можел да биде надвор од функција, и тоа под услов веднаш почне да се работи на него – изјави за ТВ Сител деканот на Градежниот факултет Горан Марковски.
– Во најмала рака потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за да се утврди неговата моментална состојба. А, доколку се констатира дека е потребна негова санација, тогаш треба уште минимум половина година за да се изработи проект за санација, и после тоа да се изведе санацијата. Значи, треба доста време – вели професорот Марковски.
Проблемот е во тоа што за носивоста на мостот се задолжени челични кабли кои се сместени во внатрешноста на бетонската конструкција, кои се чувствителни на високи температури.
– Овие кабли ги губат своите карактеристики ако дојдат во контакт со висока температура. Оттаму, прво што треба да се утврди, а тоа не е нималку лесно, колкава била температурата во каблите во време на пожарот, па потоа да се констатира колкава е нивната носивост, дали е загрозена и колку е редуцирана. Па после тоа следат мерки за санација – појаснува професорот Марковски.
Мостот е затворен и за пешаци откако под него избувна пожар, за кој причините уште не се утврдени.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











