(ВИДЕО) Неверојатна глетка во Севиља: Навивачите на Бетис станаа и му скандираа на Меси!

227

Барселона синоќа на „Бенито Виљамарин“ во Севиља го прегази Бетис со 4:1, а брилјираше феноменалниот Лионел Меси, кој постигна три прекрасни погодоци.

Аргентинецот дојде до хет-трик, а по третиот гол, кој беше маестрален, доживеа нешто неверојатно.

Навивачите на Бетис станаа, го скандираа неговото име и аплаудираа, бидејќи веројатно одамна немаат видено подобар меч на еден играч на свој терен.

Веројатно ни самиот Меси не доживеал вакво нешто во својата кариера.

А еве го и погодокот на Меси по кој навивачите на Бетис му аплаудираа на аргентинскиот волшебник:

 

loading...