На интернет се појави исповед на една сопруга која прво воодушевила многумина, а потоа некои и ги налути, а некои се насмеаа поради иронијата на целата приказна.
“Иначе не сум љубоморна, и не сум помислила дека ме изневерува, но една вечер ѓаволот не ми даде мир и кога сопругот заспа, одлучив да му го проверам телефонот.
Во пораки и на социјалните мрежи немаше ништо сомнително, па преминав на листата на повици”, наведува таа.
Таму наидов на три сомнителни, често бирани контакти.
Еден беше “најнежниот допир”, друг “слатки солзи”, а третата “жена од моите соништа”.
Во моментот полудев и започнав да размислувам со колку ли ме изневерува мојот сопруг. Не можев да издржам и веднаш заминав во тоалет за да се јавам на тие броеви.
Прво заѕвонев кај контактот “најнежен допир”. Се јави неговата мајка. Пропаднав во земја од срам и и ветив дека ќе и раскажам зошто и ѕвонев. Започнав да размислувам дали ќе се посрамотам уште пред некој член на семејството.
А не ми падна на памет кој, но ме интересираше кој е потпишан “слатки солзи”. Сепак, ѕвонев на бројот и ми се јави неговата десет години помлада сестра.
Сега бев сигурна дека “жена од соништата” сум јас, и така беше – кога заѕвонив, заѕвоне мојот телефон.
“Бев истовремено горда што мојот маж е толку прекрасен кон нас и воодушевена од начинот на кој не доживува, а во исто време потонав од срам што паднав волку ниско. Му раскажав што направив, а тој слатко се насмеа. И понатаму ми е срам, па одлучив да се искупам и му купив поклон. Пола заштеда ја дадов за неговиот рачен часовник, и не ми беше жал”, вели оваа жена.
Кога дознале што се случило, после долга смеа, и мајката и сестрата исто така се одлучиле нешто да му поклонат. Мајка му му дала поголема сума на пари, а неговата сестра му помогнала да купи нов мотор.
“Мојот сопруг беше навистина изненаден и среќен поради поклоните, но тоа не беше реакцијата која ја очекував – наместо смеа и бакнежи, добивме изненадни солзи и прашање со што тој заслужил волку да го сакаме.”
Сепак, оваа приказна нема среќен крај.
“Не помина ниту половина година, мојот сопруг замина од дома. Баш кога одеднаш “електричар Алекс” започна да му ѕвони постојано. На оној мотор кој сестра му му помогна да го купи, со парите кои му ги дала неговата мајка и со часовникот на раката кој јас му го поклонив”, завршува оваа жена