Ова момче во програма во живо “ловело муви“ со својот јазик баш како жабите: „Ова е човек гуштер“

141

Гледачите на автралискиот „Канал 10“ останале во шок, а заедно со нив и корисниците на социјалните мрежи кога на интернет се појавила снимка од дете кое јаде муви.

Неверојатната снимка настанала во моментот кога бил приготвуван прилог за тоа како едно семејство го поднесува периодот на обилните дождови каде што претходно не паднала ниту една капка дожд речиси три години.

На видеото кое предизвикало големо внимание кај корисниците, може да забележиме едно момче кое стои насмеано покрај своето семејство додека новинарите им поставуваат прашања.

Тоа што на луѓето им паднало в очи е тоа што ова мало момче ги јаде мувите кои му застануваат на образот па со таа постапка потсетува на камелеон.

Оваа негова постапка наишла на разни коментари. Некои тврдат дека станува збор за “луѓе-гуштери“.

Некој корисник на социјалните мрежи се пошегувал па ова момче го нарекло „Reptile wins“, алудирајќи на популарниот лик од видео играта “Mortal Kombat”.