Најголема грешка во историјата: Поради Санчес, Јунајтед ќе остане без Погба и Де Геа

344

Трансферот на Алексис Санчес во јануари 2018 година се заканува да стане најлошиот потег во историјата на Манчестер Јунајтед.

Не само затоа што клубот му даде плата од 505 илјади фунти неделно, туку и поради тоа што сега може да остане без двајца од најдобрите играчи во екипата Давид де Геа и Пол Погба. Иста плата како него бараат овие двајца, а клубот не е во можност да им излезе во пресрет и најверојатно ќе мора да ги продаде.

И за едниот и за другиот е заинтересиран Реал Мадрид кој будно ја следи ситуацијата иако и тој не може да им даде речиси 30 милиони евра по сезона.