Англиските медиуми со децении сметаа дека најубавиот гол на сите времиња не е дело на Меси, Марадона или Пеле, туку на Бране Облак. И не се работи за шега, туку навистина за вонсериски погодок.
Во пријателски натпревар во Белград пред 80.000 гледачи, на денешен ден во 1974 година Југославија и Англија одиграа 2-2, а вториот гол за домашната репрезентација беше вистинско ремек дело. Фудбалерот на Хајдук погоди од место со феноменален удар со левата нога од скоро триесетина метри и го совлада Реј Клеменс кој во тоа време беше еден од најдобрите светски голмани. Реакцијата на Облак по голот ја покажува неговата неверица од „ракетата“ која ја упати кон англискиот гол.
- Феноменалниот гол на Облак против Англија:
Англиските новинари го одбележаа голот на денешен ден пред 46 години, а помладите кои немале можност да го видат погодокот во тоа време, сега уште повеќе се одушевуваат.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















