Од „Живот со стил“ до живот во карантин: Вака Елена Стефановска ги поминува деновите во „четири ѕида“

582

Короната ни ги затвори вратите на својот дом, а ние за да се заштитиме останавме дома во самоизолација поминувајќи го времето во кругот на најблиските и чекајќи се да заврши.

Вирусот не само што ни го смени секојдневието и рутините, туку ни ги затвори и вратите за патувања, излегувања, кафе муабети, ресторани, кина…

Водителката на „Живот со стил “  пред короната живееше живееше и таков живот. Таа секогаш кога имаше прилика да „зграпчи“ време ги пакуваше куферите и најчесто во друштво на партнерот Бојан патуваше на некоја егзотична дестинација.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Меѓутоа, како и сите други, периодов ги минува деновите во изолација односно карантин.

За „Гламур“ таа откри како и поминува еден ден во четири ѕида.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„Морам да признаам дека чувствувам страв и дека сум дисциплинирана во однос на сите препораки. Целата оваа вонредна состојба ја сфаќам како ноќен кошмар кој за кратко време ќе помине.

Деновите во карантин ги поминувам со партнерот. Се обидуваме да живееме вообичаено. Не купуваме панично и правиме резерви колку да не треба секој ден да одиме во маркет и дополнително да се изложуваме. Гледаме филмови, еден од нив е „Еверест“ кој топло го препорачувам, готвиме заедно, заеднички ги извршуваме сите домаќински работи, малку повеќе внимаваме на имунитетот.. Во суштина тоа го практикувавме и претходно, со таа разлика што сега имаме повеќе време само за нас“ вели Стефановска.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Таа откри и каква лекција научила од новонастаната ситуација.

– Можеби ова што ни се случува е порака од природата дека не требе да бидеме алчни за време, за пари, за внимание, за успеси.. Сите сакаме да се докажуваме, да бидеме најдобри. Барем јас бев нескротлива во своите амбиции, па често заборавав да им се јавам на моите најблиски, да прашам како се.. Можеби тоа е жртвата која ја правев за мојата работа.

Планетата Земја нѐ затвори и нѐ предупреди дека треба малку повеќе да си го почитуваме семејството, нашето здравје пред сѐ и да си го пронајдеме внатрешниот мир. Забораваме дека имаме скапоценост која што ја поседуваме, а која многу лесно можеме да ја изгубиме“ вели Елена за „Гламур“.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Единствено нешто што ни преостанува е да почекаме се ова да заврши, па ќе имаме време и за патувања, дружби, славења…а сега треба да го чуваме здравјето бидејќи тоа е најважно.