Пред тоа се сметаше дека Навални е отруен на аеродромот непосредно пред летот.
Во објавата се наведува дека шишето вода од кое пиел е едно од бесплатните шишиња што му биле оставени на Навални во хотелот.
Навални се разболе на лет за Русија минатиот месец и беше пренесен во Берлин на лекување неколку дена подоцна. Германија потврди дека е отруен со новичок, нервен агенс развиен во Советскиот Сојуз.
Русија тврди дека нема докази дека е отруен.