Заев: Нова меѓувладина седница со Грција во зима

50

На зима, во зависност од развојот на пандемијата, во Атина ќе се одржи втората меѓувладина седница на Македонија и Грција, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за МИА, за време на неговото учество на самитот на „Економист“ во Атина.

„Потпишување на договорот за избегнување на двојно оданочување, нешто што веќе со години го бараа бизнисмените, состанок на коморите меѓу двете земји во Скопје за трговските ознаки, соработка во низа области – економијата, енергетиката, инвестициите, се дел од следните чекори во македонско – грчките односи, вчера беа дискутирани и договорени“, вели Заев.