Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не само во вселената, туку и од земја – напиша Трамп на својата социјална мрежа и му посака среќа на Маск за време на лансирањето на ракетата.
Компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск го лансираше шестиот пробен лет на вселенскиот брод Starship (во превод „вселенски брод“) од Тексас.
На промоцијата присуствуваше поранешниот и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
НАСА планира да користи Starship за испраќање луѓе на Месечината како дел од својата програма Artemis, објави Ројтерс.
– Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не само во вселената, туку и од земја – напиша Трамп на својата социјална мрежа и му посака среќа на Маск за време на лансирањето на ракетата.
Ракетниот систем висок околу 122 метри, во кој астронаутите треба да слетаат на Месечината и да го пренесат екипажот на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на Spacex во Тексас.
Ракетниот засилувач, наречен Super Heavy, не бил фатен како за време на петтиот пробен лет, туку паднал во Мексиканскиот залив.
Ракетата Starship падна во Индискиот Океан по околу час и половина лет околу Земјата.
Трамп претходно најави дека ќе го назначи Маск на чело на новоформираниот Оддел за владина ефикасност во новата администрација.
https://twitter.com/i/broadcasts/1RDGlydZAeOJL