Еден француски ТВ репортер имал голема среќа во текот на јавувањето во живо од Украина, бидејќи на само неколку метри од него во тој момент се случила експлозија.
Како што пишува „Nexta“, станува збор за француски репортер кој известувал од Краматорск на самиот исток на Украина.
За среќа, ниту новинарот ниту камерманот не биле повредени во овој инцидент, а претходно беше објавено дека проектилот го погодил градот и ранил две лица.
A missile exploded a few dozen meters from a #French journalist who was in #Kramatorsk.
Video: TMC pic.twitter.com/A4Z9Uy38Ge
— NEXTA (@nexta_tv) January 2, 2023
За потсетување, во ракетните напади кои во источна Украина ги извршија руските сили рано утрово е уништена арената за зимски спортови во градот Дружкивка во регијата Доњецк, објави украинската хокеарска федерација.
Токму оваа сала била место за одржување на украински првенства, меѓународни натпревари и културни настани. Главниот менаџер на клубот, Федор Иљенко, напишал на Фејсбук дека тоа место било повеќе од само зграда бидејќи било домаќин на најголемите украински хокеарски школи и уметничко лизгање.
„Руските окупатори од почетокот на војната уништија пет сали за зимски спортови“, објави оваа федерација на Телеграм.