Заработиле 760 милиони евра за 2 години: Падна најголемата банда во Европа – запленети се дијаманти, злато, луксузни автомобили…

620

Една од најголемите европски криминални групи, вмешана во трговија со наркотици, перење на пари и убиства, синоќа била целосно разбиена, соопштија од Европол.

Се проценува дека криминалната мрежа која ја воделе Литванци и други државјани на Европската унија, заработила околу 760 милиони долари во периодот од 2017-та до 2019-та година, откриваат од Европол.

Полицијата на 15-ти и 16-ти мај ги извршила првите претреси на околу 40 куќи, при што биле уапсени 22 осомничени лица во четири земји. Во рациите учествувале повеќе од 450 полицајци и цариници во Литванија, Полска, Велика Британија и Шпанија.

Во акцијата биле запленети околу 9 милиони долари во готовина, како и дијаманти, златни прачки, накит и луксузни возила. Операцијата наречена „Мразокршач“ инаку е резултат на истрагата започната во 2016-та година.

Како лидер на криминалната организација е означен 48-годишен Литванец кој наводно го надгледувал криумчарењето на дрога и цигари во Велика Британија и испраќање на перените пари во Полска.

Откако криминалците ги переле парите во менувачници, парите биле инвестирани во недвижнини во Шпанија и во другите земји. Според документите на Европол од 2017-та година, во Европската унија под истрага се наоѓаат дури 5 илјади криминални групи.

loading...