ВИДЕО: Ибраими го удри судијата со глава, Шкендија бараше правда и после меч!

388

Тензии го одбележаа финишот на мечот меѓу Дуделанж и Шкендија во Лигата на Европа (1-1), по кој наредна фаза слави тимот од Луксембургпоради триумфот во Скопје.

Се почна кога Ваљмир Нафиу направи еден прекршок од зад грб, а судијата му додели црвен картон. Шкендија уште имаше шанси да даде еден гол, иако со играч помалку, а по исклучувањето на Нафиу остана со двајца помалку.

Правдата во свои раце тргна да ја земе еден од најискусните, Агим Ибраими, кој му се вдаде в лице на судијата и видно револтиран го удри со главата, а потоа имаше вербален конфликт, кој лесно можеше да прерасне и во нешто повеќе.

Немирите продолжија и по натпреварот, кога фудбалерите на Шкендија, видно револтирани од арбитражата, продолжија да протестираат кон главниот арбитар од Велс.

Македонскиот тим испадна во втората квалификациска рунда од Лига Европа со вкупни 2-3, а претходно, доживеа и елиминација во првото коло на Лигата на шампионите, откако загуби од Номе Каљу од Естонија.